Моура го напушта Тотенхем

Бразилскиот фудбалер Лукас Моура ќе ги напушти редовите на Тотенхем на крајот на оваа сезона, потврди денеска премиерлигашот од Лондон.

Моура, кој сезонава има проблеми со чести повреди, дојде во Тотенхем од ПСЖ во 2018 година и оттогаш одигра 219 натпревари на кои постигна 38 голови.

Бразилецот ќе остане запаметен во историјата на Тотенхем кога со својот хет-трик во реваншот против Ајакс во 2019 година го однесе англискиот клуб во финалето.

„Каде и да сум, моето срце секогаш ќе биде тука. Ова е мојот клуб и ова секогаш ќе биде мојот дом“, напиша 30-годишниот Моура на социјалните мрежи. 

Треба да знаете
Последни објави