Општина Аеродром потпиша меморандум за соработка со УСАИД за одговорно управување со општинските ресурси

Во рамките на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на општините, Општина Аеродром потпиша меморандум за соработка со кој се обврза на одговорно управување и менаџирање со ресурсите на општината. На настанот присуствуваше секретарот Јулијана Павковска Боцевска која на настанот ја потврди заложбата за создавање ефикасна јавна администрација која одговорно раководи со средствата и ресурсите на општината.
Со овој меморандум и понатамошната реализација на проектот Општина Аеродром ја потврдува посветеноста кон унапредување на капацитетите за прибирање на приходите, подобрување на квалитетот на локалните даночни системи, зајакнување на капацитетите на администрацијата и подобрување на менаџментот со јавните средства.
Проектот на УСАИД е петгодишен проект кој им помага на државните институции самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат граѓаните. За оваа цел, проектот дава придонес преку нудење експертиза, како и техничка поддршка прилагодена на потребите на секоја партнер општина.

Треба да знаете
Последни објави