Пелистер против МЗТ Скопје Аеродром за титулата во македонската кошаркарска Суперлига

Кошаркарите на битолски Пелистер втора сезона по ред ќе се обидат да го симнат од тронот актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, откако синоќа по втор пат триумфираа над ТФТ Скопје и обезбедија пласман во финалето од плејофот во македонската Суперлига.

Во неизвесен натпревар Пелистер на гостувањето во Скопје го совлада ТФТ со 84-82 и со максимални 2-0 ја реши во своја корист полуфиналната серија.

Со идентични 2-0 во победи претходно МЗТ Скопје Аеродром беше поуспешен во полуфиналната серија против градскиот ривал Работнички.

МЗТ Скопје и Пелистер втора сезона по ред ќе играат во финалето за шампионската титула, во кое актуелниот бранител на трофејот лани триумфираше во серијата до три победи со 3-1.

Треба да знаете
Последни објави