Средношколец со пиштол ограбил ученик во училишен двор во Чаир

Ученик во средно училиште во Чаир заканувајќи се со пиштол ограбил ученик, дознава 24 Инфо.

Инцидентот го потврдија од МВР.

-Денеска (19.05.2023) во околу 11.20 часот во двор на основно училиште на подрачје на Чаир, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје. Според пријавеното, тој претходно со закана со пиштол одзел пари од друг малолетен ученик во училиштето. Со малолетникот бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Неофицијално, станува збор за малолетник кој завршил основно образование во истото училиште.

Пред две недели во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето  дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа.

Треба да знаете
Последни објави