Стинг е против песните од вештачката интелигенција

Стинг вели дека музичарите се соочуваат со битка да ја одбранат својата работа од подемот на песни напишани од вештачка интелигенција.

„Градежните блокови на музиката ни припаѓаат нам, на човечките суштества“, изјави тој за Би-би-си.

„Тоа ќе биде битка што сите треба да ја водиме во следните неколку години: одбрана на нашиот човечки капитал од вештачката интелигенција.“

Неговите коментари доаѓаат откако голем број песни користеа вештачка интелигенција за да го клонираат вокалот на познати уметници.

Во февруари, диџејот Дејвид Гета ја искористи технологијата за да го додаде „гласот“ на Еминем за една од неговите песни, додека лажниот дует помеѓу Дрејк и Д’ Викенд стана вирален во април.

Лажниот дует беше повлечен од стриминг-платформите по жалба за авторски права од страна на „Јуниверзал мјузик груп (УМГ), која е исто така е издавачка куќа што објавува музика на Стинг.

Стинг има продадено повеќе од 100 милиони албуми во текот на својата 45-годишна кариера.

Треба да знаете
Последни објави