Украинката Калинина е прва финалистка на турнирот во Рим

Украинката Анхелина Калинина се пласираше во финалето на Италија опен во Рим, откако во возбудлив и неизвесен меч по речиси три часа тенис со 7:5/5:7/6:2 беше подобра од Русинката Вероника Кудерметова.

Во финалето на елитниот турнир, таа ќе се судри со подобриот од мечот помеѓу Естонката Јулија Остапенко и Казахстанката Елена Рибакина.

Ова е фантастичен камбек за 26-годишната Калинина, која само пред две години играше на ИТФ челенџ турнирите, а оваа година има две полуфиналиња на ВТА турнејата. Секако, поради војната во Украина, таа одби да се ракува со победената Кудерметова.

„Се надевам дека дадов малку светло за мојата земја“, изјави таа по победата.

Треба да знаете
Последни објави