Српскиот фудбалски шампион Црвена звезда од денеска има нов стратег Израелецот Барак Бахар, со кого потпиша тригодишен договор. Бахар е трофеен тренер кој во своето тренерско досие има запишано дека освоил 10 титули со екипите кои ги предводел.
Бахар е роден во Израел, а фудбалската кариера ја почна во клубот Неве Јозеф, по што врвот во кариерата го достигна во дресот на Ирони Кирјат Шмонa за кој настапуваше од 2004 до 2011 година.
„Нема сомнеж дека станува збор за еден од најперспективните тренери во Европа, кој веќе освои 10 трофеи. Црвена звезда во иднина ќе игра напаѓачки фудбал. Му посакуваме многу среќа на новиот тренер, соопшти српскиот шампион.