Натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс нема добро да го памети најдобриот стрелец во историјата на лигата, Леброн Џејмс. Покрај тоа што ѕвездата на Лејкерси имаше тешка шутерска вечер од линијата за три поени (0/6), на Џејмс му се случи и неочекуван гаф на кој не сме навикнати за таков квалитетен играч.
Леброн имаше чиста контра на средината на втората четвртина, која вообичаено ја обележува со моќно забивање, но овој пат ѕвездата на Лејкерс целосно го промаши кошот и создаде дополнителен материјал за шоуто „Shaqtin’ a fool“ на ТНТ, во кое Шекил О Нил реагира на смешни моменти во НБА.
LeBron blew the dunk 😅 pic.twitter.com/bRvv3lGYGh
— ESPN (@espn) May 19, 2023
-Ништо не може да ме спречи да настапам на третиот натпревар. Ќе бидам целосно подготвен. Сигурно дека не може да ме сопре мала повреда“, јасно кажа Џејмс, кој на втората средба забележа 22 поени, десет асистенции и девет скока.