Полицаец употребил електрошокер врз 95-годишна старица која шетала со нож

Клер Ноуленд, австралијка која боледувала од деменција, е во критична состојба во болница откако во средата рано наутро полицаец употребил електрошокер. Тој бил повикан од персоналот на старечки дом поради пациентка која шетала со нож во домот.

Помошникот на полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Питер Котер, се обиде да ги објасни постапките на полицаецот на брифингот во петокот, откако го виде видеото од инцидентот снимено од две полициски камери.

„Во моментот кога беше погодена, таа се движеше кон полицаецот. Праведно е да се каже со бавно темпо користеше помошно средство за одење, но имаше нож “, рече тој.

Заедницата е огорчена од настаните во малиот град на околу 100 километри јужно од главниот град Канбера.

Ендрју Талер, адвокат во локалната заедница, рече дека семејството на Ноуленд, кое вклучува осум деца и десетици внуци и правнуци, наизменично бдеат покрај нејзиниот кревет.

Треба да знаете
Последни објави