Тринаесет лица загинаа, а повеќе од 10.000 се раселени во поплавите по обилните дождови кои го зафатија италијанскиот регион Емилија Ромања.
Штетата се мери во милијарди евра, а Владата ќе побара активирање на Европскиот фонд за солидарност, пренесува АНСА.
Во тој дел на Италија и денеска е на сила црвен метео аларм.
И синоќа имаше евакуации во Равена, а префектот на Равена Кастре Де Роса изјави дека слична ситуација не се случила повеќе од сто години и оти е потребна максимална вклученост на системот за цивилна заштита.
Во неколку градови се уште има населени места без струја и вода за пиење, додека некои села се отсечени поради лизгање на земјиштето.