Хорхе Гарбахоса е избран за нов претседател на европската секција на ФИБА. Досегашниот прв човек на Кошаркарскиот сојуз на Шпанија во наредните четири години ќе ја предводи европската кошарка.
Гарбахос комотно го доби гласањето во Минхен пред Французинот Жан-Пјер Сиутат, а на него учествуваа 50 национални сојузи.
Пред него ниту еден Шпанец не се нашол на толку висока позиција, но ќе мора да ја плати цената и да се откаже од функцијата претседател на шпанскиот сојуз во годината во која слават 100 години од постоењето.
Гарбахоса на таа позиција пристигна пред седум години и беше реизбран во 2020 година.
Играчката кариера ја заврши пред 11 години, во која играше за Тревизо, Уникаха, Реал, Химки и Торонто Репторс.