Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Сите општествени и политички чинители во земјава треба да покажат одговорнот пред иднината на земјата и сите наши гражани.
Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, граѓаните сакаат да бидат дел и заслужуваат да бидат дел од Унијата.
Силната поддршка од САД за продолжување на европскиот пат е историска шанса и треба да се искористи сега.
Време е за глас за Европа во македонското Собрание, за продолжување на европскиот пат на држвата.
Затоа што немаме време за губење и затоа што не знаеме дали и кога ќе ја добиеме повторно.
Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон ЕУ.
Особено во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура.
Доколку се пропушти овој политички момент и оваа силна поддршка од Европа и САД сега, ризикот е да се вратиме назад, да бидеме сами, надвор од процесите, додека другите земји од регионот напредуваат кон ЕУ.
Тоа е многу опасно за нашата земја, за нејзината иднина.
Блокадата на европскиот пат е блокада на подобар, европски животен стандард, повисоки плати, поголем економски раст, повеќе инвестиции, подобро образование, блокада за шансите за младите и европските вредности.
Оттука, одговорност на сите 120 пратеници е да се вклучат во процесот на реформите важни за европската иднина, за глас за Европа во македонското Собрание.
Опозицијата има одговорност, пред граѓаните и иднината на државата.
Во името на националните и државни интереси, во името на идината на земјата и членството во ЕУ, СДСМ ја повикува ВМРО-ДПМНЕ да собе капацитет, да размисли и да го стави државниот интерес на прво место.
ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи дали ќе се приклучи на проевропскиот блок или ќе остане во заложништво на проруската Левица и во анти-европскиот блок.