Четири дена откако беше елиминиран од градскиот ривал Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите, Милан за првпат во сезоната постигна пет гола.
Екипата на Милан забележа убедлива победа од 5-1 над веќе испадната Сампдорија и ги задржа шансите за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.
Полуфиналистот од овогодинешната Лига на шампиони е дел од екипите кои водат голема борба за пласман во најквалитетното клупско првенство во светот. На две кола до крајот Милан има бод помалку од четвртопласираниот Лацио кој има и натпревар помалку.
Оливие Жиру постигна хет-трик, додека по еднаш прецизно во мрежата на Сампдорија стрелаа Леаоа и Диас.
Единствениот погодок за гостите беше дело на Кваљарела.