Пукање во Маџари, разбојник побегнал од затвор и ограбил обложувалница

Во потера по разбојник кој претпладнево ограбил обложувалница во Маџари, полицајци како предупредување испукале во воздух со службеното оружје, потврдуваат од МВР.

Разбојникот имал оружје при грабежот, а полицијата била известена бргу и успеала да го лоцира. При бегството биле испукани истрели во воздух, по што полицијата успеала да го уапси.

Во тек е увид, местото на грабежот на главната улица е оградено со полициски ленти.

МВР извести дека станува збор за Д.К. од Куманово. Тој бил фатен веднаш откако со закана со пиштол одзел пари од вработен во спортска обложувалница на ул.„Благоја Стефковски“. Инаку, тој утрово побегнал од Казнено-поправната установа Затвор Идризово каде што издржувал затворска казна, а при лишувањето полициските службеници испукал еден предупредувачки куршум. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Треба да знаете
Последни објави