Полицијата во Нов Белград вчера го уапсија М.Б.(51), познат белградски гинеколог, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело напад на службено лице при вршење на неговите службени должности.
Осомничениот синоќа околу 20.30 часот на раскрсницата од улицата Милентија Поповиќ и булеварот Зоран Ѓинѓиќ не ја послушал наредбата на сообраќајните полицајци кои го пренасочувале сообраќајот поради јавен собир, а потоа со „мерцедесот“ почнал да вози кон полицаец и го оттурнал.
Против гинекологот ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава бидејќи одбил алкотестирање, а од нарко тестот било утврдено дека е позитивен на кокаин.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Третото основно јавно обвинителство во Белград.