Шпанската Ла Лига и компанијата „ЕА Спортс“ го организираа изборот „Тимот на сезоната“, во кој преку Интернет ги собраа гласовите на публиката, гласовите на номинираните играчи и комисијата од неименувани „експерти“.
Вкупно беа номинирани 47 играчи од 17 клубови. Според гласовите беа избрани 15 фудбалери, еден голман, по петмина дефанзивци и играчи од редот за врска и четворица напаѓачи.
Барселона и Реал се застапени со по пет фудбалери, двајца има Атлетико Мадрид, а по еден Реал Сосиедад, Селта и Осасуна.
Тимот на сезоната според Ла Лига и „ЕА Спортс“:
Голман: Марк Андре Тер Штеген (Барселона)
Одбрана: Алехандро Балде (Барселона), Едер Милитао (Реал Мадрид), Жил Кунде (Барселона), Давид Гарсија (Осасуна), Нахуел Молина. (Атлетико Мадрид)
Ред за врска: Габри Веига (Селта Виго), Феде Валверде (Реал Мадрид), Микел Мерино (Реал Сосиедад), Педри (Барселона), Лука Модриќ (Реал Мадрид)
Напад: Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Карим Бензема (Реал Мадрид), Роберт Левандовски (Барселона) и Винисиус Јуниор (Реал Мадрид).