Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа” потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска беше меѓу граѓаните на Охрид со кои разговараше за мерките и политиките што СДСМ ги презема изминатиот период.
– По 30 години зборување, конечно почнуваме со работа на изградба на коридорот 8 кој од ЕУ веќе е признаен како европски коридор со геостратешка важност. Освен подобро поврзување на овој дел од државата изградбата на коридорите ќе донесе и дополнителна економска вредност. Станува збор за највисоката инвестиција од 1,3 милијарди евра со која ќе се отворат нови 8.000 работни места, а проектот ќе донесе и раст од 2 отсто годишно на БДП, порача Битиќи додавајќи дека пропаѓаат во вода сите лаги што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги ширеа за Договорот со Бехтел и Енка.
Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Тања Томиќ заедно со Анета Трпевска беше во општина Петровец каде пред граѓаните посочи дека за разлика од СДСМ партија што се грижи за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ дејствува штетно и мисли само на сопствените џебови а за тоа најдобар пример се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои за една и пол година ги задолжија и уназадија општините со кои раководат.