Од засега непознати причини вечерва се запали автобус на патот Охрид- Кичево кај Пресека.
Од 21:00 часот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, сообраќајот е во прекин во двата правци. Од ТППЕ интервенираат при гасење на опожарен автобус, соопшти АМСМ.
Од пожарот е објавено видео , направено од очевидци , а го објави порталот Порта.
Според Охридњус, станува збор за автобус на „Галеб“ Охрид. Во автобусот, освен возачот, немало патници, бидејќи возилото било упатено на сервисирање друго возило и не сообраќало на линија.