Фудбалерите на Кремонезе со катастрофален пораз се простија до Серија А. Болоња во Кремона славеше победа 5:1 натпреварот од 36. коло на италијанската Серија А.
Со овој пораз клубот од Кремона остана без шанси да остане во елитата и од следната сезона ќе игра во Серија Б.
Гостите поведоа во 14. минута со голот на Марко Арнаутовиќ, а до крајот на полувремето постигнаа уште два гола, преку Луис Фергусон и Стефан Пош.
Канонадата на гостите продолжи и во вториот дел. Се играше во 63. минута кога Рикардо Орсоилини ја затресе мрежата Кремонезе.
Истиот играч 10 минути подоцна доби втор жолт картон, но тоа не ги спречи гостите и со играч помалку да постигнат гол. Стрелец беше Никола Сансоне.
Кремонезе само во првата минута од судиското надополнување успеа да постигне почесен гол. Стрелец беше Даниеле Чиофи.
Со овој триумф Болоња стигна до деветтото место на табелата со 50 бодови.