Основачот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин денеска соопшти дека Бахмут (Артјомовск) конечно е ослободен и дека главниот епицентар на борбите на фронтот сега е под контрола на „вагнерите“.
Како што пренесуваат медиумите, градот бил целосно окупиран во 12 часот по локално време (11 часот по средноевропско време).
-Акцијата за ослободување на Бахмут траеше 224 дена. Бахмутската „кланица“ започна на 8 октомври 2022 година. 224 дена момците јуришаа на градот. Приватната воена компанија „Вагнер“ доброволно се вклучи во оваа војна и започна со ослободување на територијата за да ги заштити интересите на нашата татковина. Сите заедно функциониравме како еден добро координиран тим, како една армија – рече Пригожин.
Тој им се заблагодари на сите кои се бореа и ги дадоа своите животи за Русија и на оние кои цело време ги поддржуваа „вагнеровците“.
-Би сакал да му се заблагодарам на рускиот народ кој не поддржа. Благодарам на паднатите момци, на оние кои ги загубија животите во оваа војна. Ви благодариме и на оние кои сега се со нас во нашите редови.
Од раните утрински часови денеска руските медиуми објавија дека до ослободувањето на градот останало многу малку, а дека борбите се водат околу само неколку висококатници во неговите западни делови.
Украинската страна се уште официјално не ја потврди информацијата за пад на Бахмут.
Се чека и официјална потврда од Москва.