Карлос Саинц, возачот на Ферари, истакна дека со договор е врзан за Ферари, поради што шпекулациите за неговата иднина ги нарече „глупави приказни“.
Шпанецот му се приклучи на италијанскиот тим во 2021 година и за многумина тој е втор возач зад Шарл Леклер.
„Имам договор за уште две години и не размислувам за друг тим. Чувствувам дека имам уште многу да докажам. Мојата иднина е врзана за Ферари и сакам да ја освојам титулата. Тоа е мојот сон“, изјави Саинц.
Во моментов Карлос е петти во шампионатот на возачи со 44 бодови, 75 помалку од Макс Верстапен.