Во Судан договорено ново седумдневно примирје, досега загинаа 850 цивили

Суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) се согласија на седумдневно хуманитарно примирје и прекин на огнот, јавија светските агенции, повикувајќи се на два неименувани извори вклучени во преговорите.

Договорот за примирје, како што посочуваат изворите, ќе стапи во сила 48 часа по потпишувањето.

Завојуваните страни не ги почитуваа претходно договорените прекини на огнот.

Бројот на цивили кои загинаа во судирите меѓу суданската армија и Силите за брза поддршка достигна 850, соопшти Централниот комитет на суданските лекари.

„Вкупно 850 цивили се убиени во земјата од почетокот на конфликтот“, се вели во соопштението објавено од Ал Џезира.

Во соопштението се наведува дека се повредени 3.394 цивили и се посочува дека бројот на настрадани може да биде многу поголем, бидејќи лекарите немале пристап до многу болници, особено тие надвор од главниот град Картум. 

Треба да знаете
Последни објави