За кратко време граѓаните ќе увидат дека нема ништо страшно во уставните измени, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во „Детектор“. На прашањето дали можело да подобро да се испреговара преговарачката рамка, тој додаде дека како алтернатива било понудено да се додаде ново поглавје само за односите со Бугарија, налик на поглавјето што Србија го има за Косово.
-Тоа Бугарите го посакуваа исто како што сега посакуваат да не успееме. Дел од политичките структури во Софија посакуваат многу ние да не успееме со уставните измени, рече Маричиќ.
Тој повтори дека за нашата страна било важно работата на историската комисијата да не биде мерило или бенчмарк во тој систем и во тоа сме успеале.Маричиќ исто така потенцира дека купувањето време и нерешавањето на проблемите покажува дека времето не оди во наша полза и не се знае дали во иднина би имале подобар предлог.
-Имаше противење и за Преспанскиот договор, но сите треба да имаме поодговорна позиција, а ние како СДСМ и покрај притисокот од ВМРО-ДПМНЕ, прифативме дека какво и да има решение тоа ќе оди на референдум. Ние тој референдум го организиравме, а ВМРО-ДПМНЕ реши да не учествува.Затоа не може да се каже во конечна инстанца дека граѓаните биле против, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ одби да учествува на тој референдум ,а ќе беше добро за да се затвори тоа прашање сите да учествуваат и навистина да видиме како да стои расположението кај граѓаните, кажа Маричиќ.
Според него прашањето „дали сме за ЕУ или не“ не треба да се условува со прашањето за парламентарни избори.
-Зошто Собранието да нема мандат да одлучува за уставните измени, таму седат народни избраници. Дали парламентарниот состав во 1998-мата година имаше мандат да дискутира за Рамковниот договор?, праша Маричиќ.