Градот Скопје по 11ти пат се придружи на здружението ПРВ ДО ВРВ во организацијата на најмасовната спортска манифестација на Водно. Со над 3000 учесници, професионални спортисти, рекреативци, планинари, велосипедисти, оваа година забележан е рекорден број на учесници.
Со стартот на велосипедистите од пред Музејот на Град Скопје, повеќе од 1000 велосипедисти, во категорија на друмски велосипедизам, планински велосипедизам и возење електричен велосипед се натпреваруваа до врвот на Водно, а над 2000 планинари со пешачење или планинско трчање ја завршија трката.
Град Скопје како и секоја година ја поддржува реализацијата на ПРВ ДО ВРВ како традиционален спортски настан, а по завршувањето на трките, на врвот на Водно се организира музичко забавен спектакл за сите спортисти и рекреативци.