Манчесте сити е старо-новиот шамнион во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција. „Граѓаните“ деветтата шампионска титула, а трета едноподруго ја обезбедија со вчерашниот пораз на ривалот Арсенал, па денеска на „Етихад“ во рамките на 37. коло ја прославија со триумф против Челзи (1:0). Хулијан Алварез беше стрелец на победничкиот гол за „граѓаните“ во 12.минута.
Трофејниот стартег на Манчестер сити,Пеп Гвардиола го измеша составот за овој меч, а тимот ја потврди одличната форма во која се наоѓа во финишот на сезоната.
Манчестер сити слави титула , Пеп Гвардиола се најде во друштво на најуспешните тренери во англискиот фудбал со десетти трофеј на Островот. Под палката на Гвардиола, Сити дојде до третата премиерлигашка круна по ред, петта во неговата ера, а покрај овие пет шампионски трофеи, „граѓаните“ имаат уште четири Лига-купови и еден ФА-Куп. Со овие десет пехари, Гвардиола им се придружи на легендите сер Алекс Фергусон, Арсен Венгер, Боб Пајсли и Џорџ Рамсеј со двоцифрен број на трофеи во англискиот фудбал.
Тоа што Пеп го прави неверојатен е дека сето ова го оствари за само седум години, а до крајот на сезонава има шанса со тимот да освојат „триплета“. Го чека прво финале на ФА-Купот против Јунајтед за „двојна круна“ на 3 јуни, а потоа финалето во ЛШ против Интер за прв европски пехар во историјата на „граѓаните“ на 10 јуни во Истанбул.