Путин го честиташе ослободувањето на Бахмут, а Зеленски го призна поразот

Рускиот претседател Владимир Путин упати честитки за завземањето на Бахмут, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Владимир Путин им честиташе на јуришните одреди на групата „Вагнер“, како и на сите војници на вооружените сили на Русија, кои им ја дадоа потребната поддршка, за завршувањето на операцијата за заземање на Артјомовск. Сите оние кои се истакнале ќе бидат наградени со државни награди, соопшти Кремљ.

Од друга страна како што пренесува „Известија“, украинскиот лидер го признал поразот во разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден во Хирошима, каде што се одржува самитот на Г7.

Иако Украина не е земја членка на Г7, на инсистирање на Зеленски тој денеска ќе учествува на седницата посветена на Украина.

Запрашан дали вооружените сили на Украина сè уште го контролираат Бахмут, Зеленскиј одговори кратко: „Мислам дека не“, пред да додаде дека градот е речиси целосно уништен и дека останало малку од него.

„Денес Бахмут е само во нашите срца“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави