Италијанскиот вулкан Етна, најактивниот вулкан во Европа, еруптираше денеска и исфрли пепел над Катанија, што предизвика затворање на аеродромот во најголемиот град во источна Сицилија.
Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) објави дека пепел паднал во Катанија и врз најмалку уште еден град на падините на Етна.
Облачното покривање во дождлив ден го попречува погледот на ерупцијата на Етна, која често е спектакуларна, велат од институтот, како што пренесува АП.
Италијанската државна телевизија објави дека градскиот аеродром во Катанија ќе биде затворен најмалку до вечерва. Засега нема извештаи за повредени во ерупцијата.