Во просториите на ОО СДСМ Бутел, денеска се одбележува 21 Мај – Светскиот ден на културните различности под мотото „Во различностите е силата“.
Општината е вистински и успешен пример за културните различности, па членовите на огранокот, но и на граѓаните од Бутел од различни националности дојода да се дружат и да уживаат во традиционалните специјалитети на нивните кујни.
Домаќин на прославата беше поранешниот градоначалник на Бутел, сега претседател на ОО СДСМ Бутел Велимир Смилевски, а меѓу гостите беа министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, претседател на Градска Организација СДСМ – Скопје Васко Кичевски и други.