Фудбалерите на Барселона го прославија синоќа освојувањето на шампионската титула во шпанското првенство со пораз на домашен терен (1-2) од Реал Сосиедад што за каталонскиот клуб беше само четврти натпревар сезонава без освоен бод во Ла Лига.
Баскискиот клуб до својот прв триумф на „Камп Ноу“ во последните 32 години дојде со головите на Мерино (5 минута) и Сориот (72), додека стрелец за Барселона беше Левандовски (90).
Реал Сосиедад со победата се зацврсти на табелата на четвртото место, кое последно обезбедува настап следната сезона во Лигата на шампиони.
На три кола до крајот на шпанското првенство Реал Сосиедад има 65 бодови, пет повеќе од Виљареал на петтото место. ег/рп/