Најмалку 12 луѓе загинаа, а сè уште непознат број се повредени, во навивачко стампедо што синоќа се случи на фудбалски стадион во Ел Салвадор, објавија денеска властите преку социјалните мрежи.
Трагедијата се случи за време на натпреварот меѓу прволигашките екипи Алијанц и Клуб Депортиво на стадионот Кускатлан во главниот град Сан Салвадор.
Натпреварот беше прекинат кога дојде до стампедо на централната трибина на стадионот со капацитет од околу 44.000 седишта.
„Салвадорската фудбалска федерација длабоко жали поради настаните што се случија на стадионот Кускатлан. Исто така изразува солидарност до роднините на загинатите и повредените во овој инцидент“, се наведува во објавата на Твитер.
Видеото може да се види тука