На 20.05.2023 во 13.55 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на место викано „Суво Поле” во Нацинален парк „Галичица”, Ф.М.М.Д.(30) од Данска, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки на земјен пат, изгубил контрола и паднал.
Во несреќата, Ф.М.М.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен.
Фото: Tripadvisor