Митева: Скандалозно е тоа што вработувањата во МВР се без јавен оглас

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на прес конференција го коментираше и тоа што ДКСК има донесено одлука дека постои партиско влијание за вработување на кандидатите за градоначалници од редовите на СДСМ во МВР и влијание од пратеникот Мартин Костовски за вработувањето на неговата сопруга во МНР.

„Ова за жал е уште еден доказ кои се принципите на владеење на власта на СДС И ДУИ – непотизам, лични интереси, партиски вработувања и криминал. Скандалозно е тоа што вработувањата во МВР се без јавен оглас и јасно се гледа интенцијата на СДС да ги згрижи своите кандидати кои што изгубија практично на последните локални избори”, појасни Митева. 

Исто така таа нагласи дека потребен е рестарт на системот, власта да си замине и да започне негување на вистинските вредности согласно мерит системот.

„Исто така, онаа прекршочна казна која што ја добил пратеникот Мартин Костовски сметаме дека е сосема недоволна! Потребен е комплетен рестарт на системот, оваа власт да замине што поскор и да започне негување на вистински вредности согласно мерит системот, а партизацијата на институциите со СДС на власт мора да биде минато”, рече Митева.

Треба да знаете
Последни објави