Петровска: Процесот на европска интеграција е безбедносно прашање

Во интервју за емисијата „Утрински печат”, министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија е безбедносно прашање, затоа што сите отворени прашања во државата и регионот може да бидат злоупотребени и малициозно искористени за несакани дејствија и подгревање на страстите.

Во тој контекст, министерката Петровска посочи дека посветеноста на Владата и на една поширока неформална коалиција која се формира околу прашањето за евроинтеграциите и уставните измени е исправниот пат, а дека политичарите треба да го предводат народот, а не да се кријат зад него.

„Знам дека е тешко да зборуваме за уставни измени, знам дека е тешко да се зборува за политички отстапки, но големите лидери во политиката се распознаваат по своите дела и не се кријат зад народот. Лесно е да кажете, ајде за секое второто прашање да го прашаме народот. На крајот на краиштата седиме на позициите на кои седиме затоа што ние треба да ги носиме решенијата и ние треба да ги носиме одлуките” потенцираше Петровска, која дополни дека политичарите многу помалку треба да се кријат зад народот, а многу повеќе треба да го предводат зашто во даден момент во тие историски носени одлуки, зависи иднината на државата.

Треба да знаете
Последни објави