Здруженија од Македонија организираат бесплатен превоз, ќе делат сендвичи и вода за оние кои ќе одат на митингот за поддршка на Вучиќ во Белград

„Да го поддржиме човекот кој животот го посвети на Србија ! Одважи се на повикот на Претседателот Вучиќ и дојди со нас во Белград!“, стои во објавата на новоформирано здружение во Скопје кое организира бесплатен превоз до Белград за сите кои сакаат да присуствуваат на големиот собир на власта во Србија, кој ќе се одржи на 26 мај.

„Организираме превоз до Белград на 26.05 (петок) на најголемиот собир досега одржан во Србија, а сите заинтересирани нека се обратат на телефонскиот број на здружението и нека го резервираат своето место“.

Според најавите, на 26 мај во Белград ќе пристигнат автобуси од внатрешноста на Србија, но и од околните земји меѓу кои и од Македонија. За митингот на Вучиќ има организиран бесплатен превоз во Куманово, Скопје и други градови во Македонија.

На интернет има неколку огласи за бесплатен превоз до Белград на 26 мај. Првиот пост е од Скопје и води до позната адреса.

Здружението „Мир, слога, стабилност“ е лоцирано во зградата на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Бихаќка и во близина на партиското седиште на владејачката СДСМ.

Претседателот на здружението, Димитрије Недиќ, за српската телевизија „Н1“ истакнува дека имало заинтересирано членство кое е подготвено да оди во Белград, но до овој момент не се отпочнати со организација.

Со јавување на телефонскиот број што го оставиле за поаѓање и кој се уште не го организирале, оттаму велат:

„Превозот е бесплатен, обезбедена е вода и сендвичи. Средбата е закажана за 18 часот, немаме точни информации колку ќе трае. По митингот ќе одиме до дестинацијата за паркирање на автобусот и ќе се вратиме“, одговориле на повикот на Н1.

Во Куманово превоз за Белград на лична иницијатива организира советникот Мирослав Тричковиќ.

„Ова е моја лична иницијатива, која ја започнав бидејќи има многу српски граѓани кои гласаат овде во Куманово. Покрај изборното место во Скопје, тука е формирано и. Претседателот Вучиќ доби најголема доверба од граѓаните кои гласаат и во Куманово и во Скопје, повеќе од 90 проценти“, вели Мирослав Тричковиќ, советник во Куманово.

Треба да знаете
Последни објави