Османи на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел

 Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што заедно со неговите колеги од регионот ќе учествува на Советот за надворешни работи на Европската Унија, посветен на Западен Балкан. 

Како што најавија од Министерството за надворешни работи, покрај учеството на сесијата, Османи ќе оствари средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како и бројни средби со колеги од регионот и земјите членки на Унијата.

Треба да знаете
Последни објави