Шаќири: Има училишта во кои имало булинг, а не го пријавиле

Засилените активности против булинг и насилство во училиштата, по масакрите во Србија, веќе даваат резултати. Министерот за образование Јетон Шаќири денес ги охрабри родителите, децата или некоја трета страна да пријавуваат вакви случаи оти и Министерството и останатите институции постапуваат по секоја пријава. Одговарајќи на новинарско прашање тој кажа дека откриле и 2-3 случаи во кои училиштето не пријавило булинг оти така проценило, иако ученици се пожлиле.

„Има и такви случаи, не можеме да кажеме дека нема. Има случаи во кои е пријавено дека 2-3 пати од страна на училиштето не е проценето дека треба да се пријават. За сите пријави, без разлика какви се, има посебен сектор во МОН со повеќе од петмина членови кои ги повикуваат службите во училиштата. За да ја потврдиме ситуацијата никогаш не кажуваме податоци кој го пријавил случајот, дали трета страна, дали родител. По доаѓање на службите, од сите училишта се бара што имаат постапено законски, дали е пријавен случајот, дали се известени родителите и по тие записници ние постапуваме. Значи, за секој случај министерството веднаш постапува, но не само министерството туку и другите институции. Постапува Министерството за труд и социјална политика, но и Министерството за внатрешни работи. Веднаш стапуваат во контакт со родителите и со детето“, рече министерот Шаќири.

Според него, на мејл адресите на кои може да се пријавува насилство во училиштата, досега се стигнати повеќе од 20 пораки. -Бројот на пријавите достигна повеќе од 20. Ова значи дека имаме повеќе од 20 различни мејлови. Имаше и добри искуства, препораки од различните страни кои ги имаат решено проблемите. Кога зборуваме за насилство, имаме и позитивни ситуации. Да ги искористиме и добрите и лошите искуства, рече Шаќири

Треба да знаете
Последни објави