Мечка утринава нападнала чувар во реонот на фирмата „Бинас“ во Бугојно. Настанот е објавен денеска на Фејсбук страницата на Бугојно.
Како што може да се види на видеото кое беше објавено на Фејсбук, мечката била бркана од кучиња и таа побегнала во деловните простории.
На видеото се гледа како чуварот се приближува за да ги растера кучињата, по што мечка трча кон него, а тој со клоца се обидува да се одбрани по што паѓа на земја. После тоа, мечката побегнала, а чуварот останал неповреден, пренесува „Мондо.рс“.