Пендаровски во Брисел оствари средба со претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент, Елијан Тилје

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел, во рамки на работната посета на Белгија, оствари средба со претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент, Елијан Тилје.

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, кои од воспоставувањето на дипломатските односи се цврсто поставени со позитивна развојна динамика, а беа разгледани прашања поврзани со искористување на потенцијалот за збогатување на меѓупарламентарната соработка.

На средбата се разменија мислења и за перспективите на билатералната и на мултилатералната соработка во наредниот период, при што претседателот Пендаровски ја истакна важноста на белгиската поддршка за европската перспектива на регионот што е во интерес и на стабилноста на Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави