Чунјинг: Кина најголема закана за глобалната безбедност и просперитет. Дали сте сериозни?

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина Хуа Чунјинг ги критикуваше изјавите на учесниците на самитот на Г7 одржан во Хирошима дека кинеската политика во моментов претставува закана за мирот и безбедноста на глобално ниво.

„Некои членки на Г7 ја нарекоа Кина најголемата закана за глобалната безбедност и просперитет. Дали сте сериозни?“, напиша таа на социјалните мрежи.

„Ако Кина е закана, тогаш што се некои од членките на Г7 што почнуваат војни со суверени држави, соборуваат легитимни странски влади, се повлекуваат од мултилатералните договори и ги принудуваат другите земји да ги прекинат синџирите на снабдување“, праша таа.

Хуа истакна дека во сегашната фаза, Кина е „моторот број 1 на светската економија“, дека придонесува за светскиот раст повеќе од сите членки на Г7 заедно, дека одржува трговски и економски односи со повеќе од 140 земји во светот, и дека е вториот најголем придонесувач во финансирањето на мировните операции на ОН.

Кинескиот заменик-министер за надворешни работи Сун Вејдонг во понеделникот го повика јапонскиот амбасадор во Пекинг Хидео Таруми на состанок за да му врачи протестна нота поради прашањата поврзани со Кина, дискутирани на самитот на Групата седум (Г7) во Хирошима за време на викендот.

Лидерите на Г7 на тридневниот самит изразија сериозна загриженост поради, како што рекоа, зголемените тензии во Источно и Јужно Кинеско Море, како и за состојбата со човековите права во Кина, вклучувајќи ги Тибет и Синџијанг.

Треба да знаете
Последни објави