Барселона почнува со одбрана на европската титула против Магдебург

Актуелниот европски ракометен првак во машка конкуренција, шпанската Барселона во полуфиналето од новото издание на завршницата во ЕХФ Лигата на шампионите на турнирот во Келн (17-18 јуни) ќе игра против германскиот Магдебург. Во троииот полуфинален натпреавр, во „Ланксес“ арената ќе се соочат полскиот Кијлце и ПСЖ од Франција.

На овој Ф4 турнир ќе настапат четири поранешни членови од славните денови на двократниот европски првак Вардар, а тоа се Лука Циндриќ за Барселона, Игор Карачиќ и Алекс Дујшебаев за Кијлце и Даинис Кристопанс за ПСЖ, на чија клупа ќе биде и трофејниот тренер„црвено-црните“ и поранешен македонски селектор Раул Гонзалез. За македонската ракометна спортска јавност познато е и името на Владан Липовина кој своевремено го носеше дресот на Металург, а сега на Магдебург.

Келн по 14 пат ќе биде домаќин на завршниот турнир од елитното клупско ракометно натпреварување.

Барселона досега 11 пати ја освојуваше титулата во ЛШ, вклучувајќи ги и последните две изданија, Магдебург до сега се закити со три титули, последната ја имаше во 2002 година. Кијлце беше најдобар во 2016 година, додека ПСЖ и натаму ја брка својата прва титула, единственото финале го имаше во 2017 година против Вардар 1961, иако ова ќе биде шести настап на францускиот гигант на завршниот турнир во последните осум години.

Треба да знаете
Последни објави