Силвестри за корупцијата: Неопходно е функционерите и граѓаните да ја присвојат културата на легалноста

Јасно е дека во моментот има позитивен „моментум“, кој е важно да се искористи. Како што неодамна истакна нашиот министер за надворешни работи Тајани, иднината на Западен Балкан е во Европската Унија. Патот на Северна Македонија е трасиран, со добро дефинирана процедура. Со која брзина ќе се напредува, ќе зависи на прво место од вас, од тоа колку брзо ќе ги спроведете потребните реформи, за усогласување на вашето законодавство и вашите стандарди со европските, вели во интервју за „Локално“, италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри за европскиот пат на С. Македонија и преговорите со ЕУ.

За евроскептицизмот меѓу македонските граѓани, Силвестри истакнува дека се должи на предолго поминато време помеѓу добивањето на статус на земја членка и почетокот на преговорите.

Во однос на борбата против корупцијата, италијанскиот амбасадор посочува дека претставува комплексен проблем кој бара интервенции на повеќе нивоа.

-Од оваа гледна точка со Владата и Државната комисија за спречување на корупција го споделуваме искуството се кое се стекнавме во Италија, исто така и преку нашата Национална антикорупциска агенција. Во суштина, феноменот има и „културолошка“ димензија, односно каков е ставот на народот во однос на истиот. Неопходно е сите – функционери и граѓани – да ја присвојат културата на легалноста, објаснува Силвестри.

Амбасадорот се согласува дека уставните измени се јазол што треба да се разреши.

-Затоа, одговорност на сите политички фигури е на најдобар начин да се соочат со ова прашање за јасно да ја покажат нивната поддршка за европската перспектива на земјата, ни рече Силвестри.

Целото интервју на следниот линк!

Треба да знаете
Последни објави