Претставник од Кабинетот на претседателот положи цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и присуствуваше на централната свеченост што се одржа на Плаошник.

Претставник од Кабинетот на претседателот вчера положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус „Свети Кирил и Методиј” во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави