Стојкова Серафимовска: Апсолутно не е точно дека има обезбедено пратеници за промена на Уставот, власта прави само дефокус заради криминалот што се прави со „Бехтел и Енка”

„За жал на македонските граѓани оваа Влада е 6 години, а особено во изминатите 4 години покажа дека најмалку се грижи за македонските граѓани, односно етничките Македонци, бидејќи се што прави го прави во интерес на некој друг освен Македонците”, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш”.

Таа додаде дека апсолутно не е точно дека има обезбедено пратеници за промена на Уставот, ние неколку пати повикавме да се стави точката на дневен ред и тоа да се види.

Стојкова Серафимовска посочи дека власта во периодот што следи ќе прави дефокус заради криминалот што се прави со „Бехтел и Енка”.

„Оваа Влада можеби мисли дека ако го каже тоа што го посакува дека тоа ќе се оствари, но веќе никој не им верува. Така да и за тоа за обезбедени 80 пратеници веќе никој не им верува”, изјави Стојкова Серафимовска.

Таа истакна дека распаѓањето на државата ќе биде реалност доколку оваа политичка гарнитура остане на власт затоа мора да се тргнат и паднат од власт.

„Апсолутно небулозни се изјавите со кои пробуваат да не убедуваат нас пратениците и граѓаните дека мора да продолжиме по евроинтегративниот пат, но ова нема да биде последен чекор од Бугарска страна”, рече Стојкова Серафимовска.
Таа верува дека кај пратеничката група на СДСМ ќе проработи совеста дека не треба да гласаат за промена на Устав.

Треба да знаете
Последни објави