На едно коло пред крајот на англиската фудбалска Премиер лига, Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ со убедливи 4:1 го победи Челзи и си го обезбеди местото во Лигата на шампионите за новата сезона. Манчестер јунајтед не само што го победи лондонскиот ривал, туку и го понижи.
Серијата погодоци ја отвори Касемиро со гол по асистенција на Ериксен уште во шестата минута од натпреварот. Пред самиот крај на првото полувреме Марсијал постигна гол за сигурна предност на Јунајтед од 2:0.
Во 73. минута Бруно Фернандеш реализираше пенал за водство од 3:0, веќе беше јасно кој е победникот на овој дуел. Пет минути подоцна Рашфорд погоди за 4:0.
До крајот на мечот, Жоао Феликс успеа да постигне почесен гол за Челзи за конечни 4:1.
Англија цо ЛШ ќе ја претставуваат: Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер јунајтед и Њукасл.