Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Димитар Ковачевски
Времето покажува дека што и да каже Ковачевски дека разговарал или не разговарал, него не може да му се верува, да одговори и Ахмети.
Така на почетокот тој беше против француски предлог, за да потоа тој стане негов главен застапник. Потоа токму Ковачевски велеше дека Бугарија нема што да бара од Македонија во поглед на заедничко чествување за да потоа следи канонада од бугарски клубови во Македонија.
Така и сега кога Ковачевски вели дека нема бинационална држава, а Ахмети молчи за тоа дали барал уставни измени за внес на народи, заедници и малцинства.
Информациите кои стигнуваат до нас од т.н. работно тело за Уставни измени е дека варијантата за два народа, неколку заедници и малцинства е најсериозно дебатирана меѓу нив.
Ковачевски наместо да брка гуски во магла да каже дали ова е разговарано во владината коалиција или е само идеја на т.н. работно тело.
Ако е разговарано со владината коалиција тогаш треба да се исправи пред македонската јавност и ова да го образложи, ако пак е разговарано на т.н. работно тело да образложи која е потребата од истото и дали за ова земаат пари од македонските даночни обврзници, на кои им е преку глава да плаќаат на разноразни партиски послушници кои глумат експерти за разнебитување на Македонија.
Упатуваме апел до Ковачевски да не се поигрува со карактерот на уставниот поредок на Македонија и со духот на Рамковниот договор кој донесе мир и стабилност во државата, а ако смета дека е општеството созреано нека поднесе иницијатива до Собранието за промена на уставот па да видиме како ќе помине.
Испраќаме и апел до Ахмети и ДУИ да се изјаснат за ова прашање.