Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ на прес-конференцијата во Белград со преседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи, изјави дека односите со Македонија се во нагорна линија и релаксирани од разни негативни влијанија и дезинформација, јави дописникот на МИА.
– Дозволете да го истакнам нашето големо задоволство од напредокот на односите со Северна Македонија, тие се релаксирани од разни негативни влијанија и дезинформација и погрешни интерпретации, и тие се во нагорна линија.Важно ни е учеството на Македонија во Отворен Балкан, и се согласувам со Бујар Османи што тој смета дека ова не е само економска иницијатива, туку и иницијатива за чекор напред кон помирување во регионот. Мислам дека е многу важно Северна Македонија, Албанија и Србија да продолжат со оваа иницијатива и како што самото име, кажува Отворен Балкан и отврен и за други во него да земат учество, изјави Дачиќ.
Тој изрази задоволство од надворешно трговинската рамена од милијарда и пол евра со Северна Македонија и дека треба уште повеќе да се работи за заемната заштита на културните добра, спомениците и сето останато.
Дачиќ додаде дека позитивна агенда во односите е продолжувањето на заедничките владини седници и активностите кои се однесуваат на иницијативата Отворен Балкан.
Српскиот министер за надворешни работи говорејќи за средбата со председавачот на ОБСЕ, министерот Османи, кажа дека ја рабира сложеноста во работењето на ОБСЕ, носењето на одлуки со консензус и изрази жалење што ОБСЕ не ги следеше изборите на Косово. Тој го потенцираше прашањето на Србите во Косово и резервите што ги има ОБСЕ за избор на нов преседавач за наредната година.
Министерот Османи на прес-конференцијата по средбата со Дачиќ изјави дека ОБСЕ ги подржува реформските процеси, борбата против корупцијата и регионалното помирување, а дијалогот е ефикасно средство што се огледа и преку примерот со Северна Македонија,
-Ние никогаш не можеме да престанеме да разговараме за работи кои се важни и за дијалогот на Белград и Приштина со посредство на ЕУ, драго ни е што бевме домаќини на Охридскиот договор, кои ќе допринесат за продолжеток на овој процес и на регионаланта стабилност. Оваа подршка ќе ја повторам и утре кога ќе бидам во посета на Приштина. ОБСЕ себе се гледа како платформа за промоција на човековите интереси и наш фокус е мирот и просперитетот, изјави Османи во Белград.