Русија „продолжува да ја тероризира Украина“ со ноќни напади, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ниту еден (дрон) не ја постигна својата цел“, благодарение на воздушната одбрана на земјата, напиша Зеленски на својот канал на апликацијата Телеграм.
Украинските сили објавија дека беспилотните летала Шахед од Иран биле лансирани од север и југ.
„Несомнено, непријателот ги гаѓаше клучните инфраструктурни и воени локации на југот на земјата“, се вели во соопштението на украинската војска, објавено на Телеграм.