Жозе Мурињо, со Рома ќе се бори за трофејот во Лига Европа. Противник на Рома на 31. мај, во Будимпешта ќе и биде Севилја. Лани, Мурињо до Рома победи во Конференциската лига.
Интересно, секаде каде што работел Мурињо освојувал трофеи (Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед) исклучок е Тотенхем. Со овој клуб се раздели неколку дена пред финалето во ФА купот.
„Тотенхем е единствениот клуб со кој немам блиски односи. Веројатно затоа што стадионот беше празен за време на Ковид пандемијата и затоа што претседателот Леви не ми дозволи да ги доведам играчите што ги сакам. Да ми дозволеже можеби ќе играв некое финале и ќе освоев некој трофеј“, изјави Мурињо.
Мурињо во тренерската кариера освоил 26 трофеи, шест од нив се во европските купови.