Марио Хезоња беше еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид во неверојатната завршница на Евролигата. Реал Мадрид губеше со 2:0 во четвртфиналната серија од Партизан, кој во третиот натпревар имаше 15 поени разлика, а во петтиот во Мадрид 18 поени разлика. Сепак, Реал на крајот се пласираше на фајналфорот и ја освои титулата со кошот на Серхио Љуљ на три секунди пред крајот против Олимпијакос.
По финалето шпанските и грчките медиуми објавија дека постои голем интерес за 28. кошаркар, за чија кариера се грижи грчкиот менаџер, Костас Пападакис.
Грчкиот портал „Апекс“, објави дека за Хезоња многу се заинтересирани Панатинаикос и белградски Партизан. Хезоња никогаш не криел дека е навивач на Партизан.
Сепак, како што пишува новинарот на „Апекс“, нема преголеми шанси некој од тие два клуба да го доведе Хрватот во своите редови.
„Хезоња има договор со Реал до 2024 година и клаузула за обештетување која може да се активира само во случај на преселба во НБА. Доколку некој европски клуб го сака Хезоња, ќе мора да плати многу повисока отштета, а ниту Панатинаикос, ниту Партизан можат да си го дозволи тоа во моментот.
Откако ја освои Евролигата и се наметна како многу важен дел од тимот, Реал нема да го пушти Хезоња во ниту еден европски клуб. Најреално е тој да го заврши договорот во Мадрид и потоа да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата – или во некој европски клуб или во НБА лигата“, пишува „Апекс“.
Хезоња од Барселона, влезе во НБА во 2015 година како петти пик на драфтот на Орландо Меџик. Играше и за Њујорк Никс и за Портланд, пред да се врати во Европа во 2020 година, во Панатинаикос. Играше една година во рускиот УНИКС, а од оваа сезона е во Реал.