Украинската армија одбила уште еден напад со дронови врз Киев

Киевската воена управа денеска соопшти дека противвоздушната одбрана во целост одбила уште еден „масовен“ напад на руски дронови.

– Русија повторно го нападна Киев од воздух. Според првичните информации, беспилотни летала од типот Шахид учествуваа во овој масовен напад, објави на Телеграм шефот на цивилната и вбоена управа на Киев, Серхи Попко.

Тој додаде дека „ангелите чувари на Киев“ ги собориле сите руски беспилотни летала. Според Попко во мај биле извршени 12 такви напади врз Киев.

Треба да знаете
Последни објави